Ќе се проширува системот за наводнување "Стрежево"

Bez autora
May 22 2013

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и Општина Новаци потпишаа меморандум за разбирање со што ќе се формализира соработката меѓу потписниците со цел спроведување на проектот на општината за приклучување на земјоделците од Новаци на системот за наводнување Стрежево. Меморандумот го потпишаа Карл Ларкинс, директор на Проектот за експанзија на мали бизниси, и градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски. Проектот опфаќа физибилити студија (студија за изводливост) за проширување на системот за наводнување Стрежево на територија на земјоделското земјиште во Новаци. Студијата ќе вклучи бројни важни анализи, како: можности за развој на системот во фази; можности за финансирање; очекувани социо-економски придобивки од новиот систем; очекувања на локалното население; идентификувани основни фактори на ризик на проектот; изготвување на успешен бизнис модел и финансиски план, и поставување на план за имплементација.

Ќе се проширува системот за наводнување "Стрежево"Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и Општина Новаци потпишаа меморандум за разбирање со што ќе се формализира соработката меѓу потписниците со цел спроведување на проектот на општината за приклучување на земјоделците од Новаци на системот за наводнување Стрежево.

Меморандумот го потпишаа Карл Ларкинс, директор на Проектот за експанзија на мали бизниси, и градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

Проектот опфаќа физибилити студија (студија за изводливост) за проширување на системот за наводнување Стрежево на територија на земјоделското земјиште во Новаци. Студијата ќе вклучи бројни важни анализи, како: можности за развој на системот во фази; можности за финансирање; очекувани социо-економски придобивки од новиот систем; очекувања на локалното население; идентификувани основни фактори на ризик на проектот; изготвување на успешен бизнис модел и финансиски план, и поставување на план за имплементација.

Земјоделското земјиште во рамките на општина Новаци не е поврзано со системот за наводнување Стрежево, кој се наоѓа во близината и покрива околу 20.000 хектари обработливо земјиште во Пелагонија. Како последица на тоа, земјоделците во Новаци се принудени или да изградат сопствени мали системи за сопствените потреби и со тоа да сносат значајни трошоци (опрема и гориво/електрична енергија), или да го обработуваат земјиштето без систем за наводнување, што пак резултира со особено ниски приноси. И двата исхода имаат директно негативно влијание врз профитабилноста на земјоделците. Со приклучување на системот Стрежево, земјоделците во Новаци ќе обезбедат сигурен извор на вода и ќе ги намалат трошоците за наводнување, а на тој начин ќе остварат поголем профит што ќе можат да го инвестираат во проширување на нивните бизниси.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik